Зачленување на вторите одделенија во училишната библиотека
Вто, 26/12/2023
Со посебен ентузијазам и радост, учениците од одделенска настава изведоа пригодна претстава во чест на зачленувањето на вторите одделенија во училишната библиотека. Драмските игри и поезија од богатото литературно творештво на македонските автори беа внимателно избрани и изведени од членовите на библиотекарска, драмска и рецитаторска секција во соработка со сите наставници. Учениците, во изведбата на поезија и драмски игри на сцена, покажаа талент и вештина постигнатa со вложен труд и активности, со што предизвикаа радост, среќа и насмеани детски лица. На крајот од првото полугодие Ви честитаме на постигнатите успеси и Ви посакуваме уште повеќе успеси во образованието, животот, добро здравје и среќна Нова година! |