Светски ден на менталното здравје
Вто, 10/10/2023
Развој на асертивноста како карактеристика на една личност овозможува детето да ги запознае и развие своите капацитети да застане одговорно позади своите избори. Поставувајќи јасни граници во однос на другите за него значајни, тоа учи да застане спроти толпата дури и кога е тоа спротивно од мислењето на другите. Со учениците од шесто одделение ја направивме работилницата "Не е во ред да ми го правиш тоа". Така го одбележавме Светскиот ден на менталното здравје. |