11 Октомври - ден на народното востание

11 Октомври - Ден  на народното востание!!!
Република Македонија одбележува 82 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна, еден од најзначајните датуми во поновата македонска историја. Тоа е денот со кој продолжува борбата за ослободување, за самобитност и создавање на македонска национална држава.
Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се реализирани повеќевековните идеали за основање македонска држава. Македонскиот народ самостојно се избори за слобода!
Нашите ученици од предметна настава го одбележаа овој ден со читање на реферат со суштината на празникот, неговото значение и неговото место во нашата национална историја.
Нека ни е честит 11 Октомври - Денот на народното востание!