Доделување на спортска опрема и спортски реквизити

Денес нашето училиште беше домаќин на доделувањето на спортската опрема и спортските реквизити на општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба, од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба, господинот Бобан Стефковски.

Доделени беа вкупно 516 комплети на дресови за одбојка, кошарка, фудбал и ракомет, а дополнително секое училиште доби топки за одбојка, кошарка, фудбал, ракомет но и справи за спроведување на вежби за атлетски спортови.

Денешниот настан е уште еден доказ дека општината води грижа за спортот, а посебно внимание се посветува на развивањето на училишниот спорт.

Со овој настан се означи и почетокот на спортските активности помеѓу училиштата кои ќе се реализираат во текот на целата учебна година.