Ученички парламент во склоп на детската недела
Пет, 06/10/2023
Денес, во склоп на детската недела членовите на ученичкиот парламент од централното училиште од 4-9 одд. ја анализираа Конвенцијата на правата на детето со нивната наставничка Благица Србиновска, и проследија презентација за детските права. Потоа следеше дискусија колку најмладите членови од парламентот ги познаваат своите права, дали знаат како да ги остварат, и каде да се обратат ако се прекрши некое нивно право. Сите ние сме должни да ги промовираме правата на децата, да ги унапредуваме и да работиме секогаш во нивен интерес, како држава, институција, семејство. |