Детската организација

И оваа година нашите првачиња станаa дел од Детската организација, а во неа ги воведоа нивните поголеми другарчиња со свечена приредба која оваа година се реализираше под мотото „Јас и светот околу мене".
На приредбата наши гости беа претставници од Советот на општина Гази Баба, директорката и најмалите и најслатките другарчиња од градинката Пеперутка во Стајковци кои на приредбата настапија со ритмичка точка на песната „Мојот свет се вика музика".
Свое обраќање имаше и директорката Елена Антонова.
Првачињата ја проследија приредбата преку која им беше доловена важноста за учество во Детската организација. По завршувањето на приредбата, учениците ја дадоа заклетвата, добија беџови, со што станаа членови во Детската организација.
Среќно наши драги првачиња

Фотографиите можете да ги погледнете на следниот