5 Октомври - Меѓународен ден на учителите

Денешниот ден,

5 Октомври е прогласен за Меѓународен ден на учителите. Интернационалата за образование, која претставува 29 милиони образовни работници во 166 земји, од 1966 година го празнува Светскиот ден на учителот.

Да се биде учител, наставник, воспитувач, професор е најблагородната, најубавата но и воедно многу одговорна професија која подразбира посветување и одрекување. Посветување не само кон младата личност туку и кон секој оној кому му се потребни знаења, вештини, секому кај кој постои желба, мотивација и интерес да влезе во светот на новите сознанија. Одрекување од своето време, времето за себе и најблиските за да се посвети на иднината, на децата и учениците.

По овој повод учениците од предметна настава го одбележаа преку творење на песни, пораки, честитки.

Честит Ден на учителот!

"Образованието е најмоќното оружје коешто може да го искористите за да го промените светот" - Нелсон Мендела