Посета на архелошкиот локалитет Тумба Маџари - Неолитско село
Денес учениците од прво до петто одделение од централното и подрачното училиште по повод Детската недела го посетија Музејот на отворено - археолошкиот локалитет Тумба Маџари - Неолитско село. Учениците имаа можност да се запознаат со начинот на живот, традиција и култура од минатото. Во музејот под отворено „Неолитско село“ се изградени неколку куќи каде во нивната внатрешност со покуќнински инвентар и сцени од секојдневниот живот, всушност е направен обид за реконструкција на дел од животот на неолитскиот човек кој живеел на територијата од Македонија и пошироко пред 8.000 години. Преку едукативно предавање учениците ги збогатија и проширија своите знаења за божицата Големата Мајка – заштитничка на домот и семејството, восочните човечки фигури и нивната облека, садовите и предметите во домаќинството од неолитско време, за градбата на куќите и материјалот со кои биле изработувани. Учениците проследија и филм за археолошкиот локалитет Тумба Маџари. |